Изјава на заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на Алсат предизвика бројни реакции и во општина Гази Баба

„Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор“.
Оваа изјава на заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на Алсат предизвика револт и бројни реакции и во општина Гази Баба од Скопје и во Велес. Реагираше и албанската опозиција. Од Општина Велес за Алсат велат дека албанските ученици од овој регион не останале без образование поради дискриминација, туку затоа што не ги исполниле потребните бодови за прием во гимназијата. Во меѓувреме, од Општина Гази Баба во Скопје, го потсетија заменик-министерот за образование, Агим Нухиу, дека нема основа за кривични пријави, бидејќи учениците Албанци не се дискриминирани во ниту едно училиште. Кога станува збор за училиштето „Његош“ во Јурумлери каде нема албански паралели од шесто до деветто одделение, од општина Гази Баба велат дека тоа е резултат на политичките измами на ДУИ, која ветила дека ќе го реши проблемот преку изградба на ново училиште во Идризово, кое останало само ветување на хартија и ништо повеќе.
Фадил Зендели од Движењето Беса го потсети заменик-министерот Нухиу, дека постојат сите можности и правни механизми за решавање на проблемот на учениците во Велес и Идризово.
„Неговото интервју ми се чинеше како политички памфлет само за да добие политички поени, дека преземаме нешто, но тој е заменик-министер, тој не е обичен граѓанин, тој не е институција, невладина организација која се грижи врз основа на дискриминација или антидискриминација. Тој е заменик-министер, ги има сите законски, уставни инструменти, овластувања за преземање одредени уставни дејствија, бидејќи правото на образование на мајчин јазик е загарантирано со уставот и министерот за образование, и Владата има обврска да ја среди оваа работа, а не да создаваат проблем за децата да талкаат две или три недели“, рече Зендели.
Шеснаесетте ученици Албанци од Велес завчера почнаа со настава во велешката гимназија „Кочо Рацин“. Во меѓувреме, 13-те ученици Aлбанци од Идризово кои веќе требаше да се шесто одделение не одат на училиште, бидејќи во основното училиште „Његош“ во Јурумлери нема албански паралелки од шесто до деветто одделение.
Мелихате Рустеми