ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Излегувањето на Алијанса од Влада нема да го загрози мнозинството

Излегувањето на Алијанса од Влада нема да го загрози мнозинството

Додека се очекува официјално да биде доставена најавата за формирање нова пратеничка група со девет пратеници од коалицијата ВЛЕН, парламентарното мнозинство очекува АА на Таравари да продолжи да биде дел од Владата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, вели дека евентуалното излегување на АА од Владата нема да го загрози функционирањето на парламентарното мнозинство. Иако вчера му беше дадена можност уште еднаш да разговара со партиските тела, Стојановски вели дека не сите петмина пратеници на Алијанса сакаат да го напуштат мнозинството. Дури постои интерес и од пратениците од опозицијата да преминат во партија на власт, вели Стојановски.

Advertisements

Пратеникот на Европскиот фронт, Сали Мурат, негира дека е еден од оние кои се заинтересирани за промена на страната. Тој е среќен во Европскиот фронт и би ги поздравил новите соработки, вклучително и со Таравари.

На денешната седница во Собранието беа присутни сите пратеници Албанци од парламентарното мнозинство, додека поделбата на две пратенички групи сè уште не почнала да се одразува во односите меѓу нив. За време на гласањето, тие дејствуваа обединето, но сепак, односот не е како порано./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button