МАКЕДОНИЈА

Излекуваните од корона чекаат и по еден месец да добијат потврда дека се здрави

Во дневните извештаи на Министерството за здравство има голем број на новозаразени, но не и високи цифри на излекувани и покрај тоа што многу од заразените веќе поминале долг период откако им бил дијагностициран Ковид-19. Ако пред 10 дена бројот на заразени беше над 200, бројот на излекувани беше скоро половина од тоа. Новиот алгоритам доведува до ситуација податоците за излекуваните да не се приближни со податоците на заразените што се појавуваат во извештаите објавени 10 дена порано. Од Министерството за здравство велат – не сите оздравуваат во ист временски период. Некои се лекуваат повеќе од 20 дена.

Advertisements

Министерство за здравство

„Според новиот алгоритам и покрај резултатот од следниот тест, откриено е дека кај пациенти без симптоми по 10 дена вирусот нема моќ да предизвика инфекција, додека кај оние со симптоми овој период е 20 дена.“

Пациентите кои не покажале симптоми и кои се лекуваат дома иако од изолација излегуваат 10 дена откако биле позитивни на првиот тест, потврдата дека се здрави ја добиваат по 28 дена. Д-р Сефјане Ферати, која од почетокот на пандемијата лекувала околу 270 пациенти со коронавирус, вели дека сертификатот се дава не порано од 28 дена, бидејќи одредени пациенти може да покажат лесна алергиска анемија или промени во гликозата во крвта. Според новиот алгоритам кој стапи во сила на 18 август, матичниот лекар ги следи пациентите секојдневно и ги документира податоците во релевантен регистар.

„За тие пациенти да докажат дека се здрави, треба да го чекаме прегледот по 28 дена. Јас лично во мојата канцеларија ги третирам скоро еден месец. По еден месец можам да им дадам потврда. Во потврдата велиме дека пациентот нема симптоми на никакво заболување, не велиме од КОВИД или било каков вирус, туку велиме дека е здрав пациент. Не се истакнува вирусот затоа што може да се повтори. Може да се комбинира со сезонски вируси.“

Во последните десет дена, според извештаите на Министерството за здравство, бројот на заразени е зголемен за над 3.300 или во просек по околу 330 нови на дневна основа, додека бројот на излекувани е по околу 130 дневно, односно 1.313 лица за 10 дена.

Evi Shkopi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button