ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Измената на Законот за облигациони односи ја збуни јавноста

Многу нејаснотии и отворени прашања има во јавноста по објавата дека е донесена измена на Законот за облигациони односи, со која каматата не може да порасне повеќе од главниот долг. Познавачите на облигационо право велат дека граѓаните треба да бидат внимателни, бидејќи новите правила ќе важат само за договорната камата. Не треба да се заборави дека доколку не се плаќа долгот, како кредитот или некоја друга обврска која ја имаат граѓаните кон правно или физичко лице до денот кој е наведен во договорот, тогаш почнува да се пресметува законска казнена камата. Од Комората на извршители велат дека во најчестите сметки кои ги плаќаат граѓаните, односно комуналните, не постои договорна камата, што значи дека доколку не се плаќа навремено сметката, каматата ќе продолжи да расте се до целосно плаќање на долгот.

„Извршните исправи кои се предмет на нашата работа во најголем број случаеви, да не речам скоро 100% се со законската казнена камата, утврдена во постапка пред суд или нотар која што стапка е далеку помала од колку стапката на договорната камата, но не повисока од стапката на Законска казнена камата зголемена најмногу за 50 проценти“, наведуваат од Комората на Извршители.

Според експертите секаде каде што има договорна камата, таа институција ќе се соочи со последици од ова законско решение. Во најголем дел од случаите, тоа ќе биде банкарскиот сектор. Алсат побара став од Македонската банкарска асоцијација , но банкарите денеска не сакаа да коментираат за овој закон. Премиерот Зоран Заев пак вели дека целта е да се стави крај на високите суми кои ги наплаќаат извршителите направени од ниски долгови.

„Тоа е најновиот Закон кои е со конечна цел, да интервенираме во помош и поддршка на најсиромашните“, рече премиерот Заев.

Инаку, првична реакција за оваа законско решение имаа и дел од граѓанските здруженија кои не се задоволни од одлуката Законот да не важи ретроактивно, туку само за нови случаи. Измените на Законот за облигациони односи стартуваат од први октомври.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button