ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Измените на специјалниот закон за изградба на коридорите го поминаа филтерот на Комисијата за европски прашања

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска дадоа поддршка за петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка. По поминатиот комисиски филтер, Комисијата за европски прашања го проследува законскиот предлог на натамошна постапка во Собранието.

Advertisements

Во образложение на единствениот поднесен амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по овој предлог-закон, кој беше одбиен од страна на владините претставници, пратеникот Миле Лефков истакна дека со амандманот се предлага со цел Владата да го објави Договорот за изградбата на коридорите во Службен весник потпишан со стратешкиот партнер во рок од седум дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button