Измените во Кривичниот законик главна грижа за слабиот напредок на земјата во борбата против корупцијата

Македонија има позитивен скок од девет места на листата за перцепција за борбата против корупцијата. Според „Транспаренси“, земјава сега има 42 од можни 100 поена во однос 40. поени во 2022 година, но земјата е далеку од искоренување на оваа појава. Во последниот извештај објавен во јавноста на Транспаренси Интернешнл, Македонија е рангирана на 76 место од вкупно 180 земји. Измените во Кривичниот законик се наведуваат како главна грижа за слабиот напредок на земјата во борбата против корупцијата.
Знаците на напредок биле нарушени од измените во Кривичниот законик што влијаеше на намалување на бодовите во борбата против корупцијата, а во извештајот на Транспаренси Интернешнл се вклучени и предизборните вработувања и последниот случај во М-НАВ. Иако нашата земја има напредок од минатата година, сепак останува во друштво на Унгарија, Молдавија, Тринидад и Тобаго и Буркина Фасо. Од регионот, Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора и Бугарија се рангирани подобро од Македонија, додека Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина имаат пониски резултати во борбата против корупцијата.
Авни Тахири