ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изминатото деноноќие три пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање ситуации предизвикани од силен ветар во саботата.

-Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот  со две противпожарно возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од еден хектар во атарот на село Љубин во Општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од два хектари помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани. Од ТППЕ Битола од 18:49 до 22:10 часот со двајца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на село Беранци во Општина Могила, соопштуваат од ЦУК.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button