СПОРТФУДБАЛ

Изненадување во Серија А, 6 различни лидери во 6 кола

Наполи синоќа ја победи Монца со 2-0 и се искачи на првата позиција на табелата во Серија А. Со тоа се случи нешто досега невидено во историјата на италијанското првенство. За првпат во првите шест кола има шест различни тимови кои биле на врвот на табелата.

Advertisements

Иако во некои кола имаше повеќе екипи со исти бодови, секогаш постоеше еден тим кој беше пред сите според гол-разликата. Така, во првото коло лидер беше Аталанта, потоа водството го преземаа по ред Јувентус, Интер, Удинезе, Торино, и сега Наполи.

Колото сè уште не е завршено, бидејќи вечерва ќе се одигра натпреварот меѓу Парма и Калјари, но ниту една од тие екипи не е блиску до првата позиција, така што историското постигнување може да се смета за сигурно.

Во моментов, Наполи е лидер на табелата со 13 бодови, пред Јувентус со 12, Милан и Интер со по 11 и Емполи, Лацио и Удинезе со по 10. Иако е многу рана фаза од сезоната, ова покажува дека можеме да очекуваме доста изедначена сезона и жестока борба за „скудетото“ меѓу неколку екипи. Bо последните пет години Серија А имаше четири различни шампиони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button