ВЕСТИСВЕТ

Израел и Иран со нови меѓусебни напади

Израелската национална служба за вонредни ситуации, Маген Давид Адом(МДА) објави дека во ирански ракетни напади врз четири локации во Израел се убиени три лица.

Advertisements

Според МДА, 74 лица се евакуирани, од кои 68 биле со лесни повреди. Спасувачките операции, додаваат оттаму, сè уште се во тек на две локации.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад врз Израел е употребен нов метод што предизвикал повеќеслојните одбранбени системи на Израел да се насочат едни кон други, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на објава на Ројтерс.

„Иницијативите и можностите што се користеа во оваа операција, и покрај сеопфатната поддршка од Соединетите Американски Држави и западните сили и поседувањето на најсовремена и најнова одбранбена технологија, доведоа до успешно и максимално погодување на ракетите врз целите на окупираните територии“, се вели во соопштението.

Во соопштението на социјалната мрежа Икс, Израелските одбранбени сили велат дека нивните воздухопловни сили го нападнале седиштето на силите Кудс во Техеран.

„Врз основа на прецизни разузнавачки информации, израелските воздухопловни сили го нападнале командниот центар на Кудс силите на Револуционерната гарда и иранската армија. Од овој центар, оперативците планирале напади врз Израел преку иранските сојузници во регионот“, соопшти ИДФ на Икс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button