ВЕСТИСВЕТ

Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Јужна Африка обвинува дека врши геноцид во Газа

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска треба да отвори дводневно сослушување за постапка што ја покрена Јужна Африка, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Газа, со што би можело судот да нареди итна суспензија на воената кампања на Израел, пренесува Си-ен-ен.

Меѓународниот суд е основан во 1945 година и е највисокиот суд на Обединетите нации. Во него се сослушуваат случаи покренати од држави кои обвинуваат други држави за кршење на нивните обврски од договорот на ОН. Јужна Африка и Израел се потписници на Конвенцијата за геноцид од 1948 година, што значи дека се обврзани да не вршат геноцид и да го спречат, но и да го казнуваат.

Advertisements

Конвенцијата автоматски му доделува на МСП јурисдикција над државите потписнички.

Во поднесокот од 84 страници до МСП, Јужна Африка тврди дека Израел врши геноцид со убивање на Палестинците во Газа, предизвикувајќи сериозни ментални и телесни повреди, присилна евакуација, широко распространет глад, но и како што се вели, да се доведе до нивно физичко уништување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button