СВЕТ

Израел предупреди дека е подготвен да дејствува против Хезболах во Либан

Израелската војска е подготвена одлучно да дејствува против шиитската милиција Хезболах на границата со Либан доколку продолжат нејзините напади, предупреди израелски министер, пренесува Би-би-си.

Министерот без ресор во израелската Влада и член на воениот кабинет, Бени Ганц, на прес-конференција вчеравечер, изјавил дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе интервенираат доколку светот и либанската влада не ги запре нападите на милитантите на Хезболах врз северен Израел.

„Времето за дипломатско решение истекува“, додава тој.

Инаку, прекуграничната размена на оган меѓу Израел и милитантите на Хезболах во Либан ескалираше по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, што предизвика загриженост дека конфликтот во Газа би можел да се прошири на остатокот од регионот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button