СВЕТ

Израелската армија ги интензивираше нападите врз бегалскиот камп Џабалија

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги интензивираа нападите врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додека продолжуваат со воздушните напади на истокот на градот Рафах.

Advertisements

Според сведоштвата на жителите на Џабалија и медиумите под контрола на групата Хамас, израелски тенкови се обидуваат да се пробијат до центарот на бегалскиот камп, кој е под бомбардирање на ИД, пренесува Ројтерс.

Групата Хамас рече дека нејзините членови се борат против ИД источно од Џабалија, каде Израел вели дека се обидува да го спречи Хамас да ги обнови своите борбени способности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button