СВЕТ
Израелската армија нападна 150 локации на Хамас во последните 24 часа

Израелската армија нападна 150 локации на Хамас во појасот Газа во изминатите 24 часа, објави во средата (10 јануари) прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Вкупно околу 150 терористички цели беа погодени од војници на израелските сили во текот на изминатиот ден“, се вели во соопштението.
Прес-службата нагласи дека „копнените, воздушните и поморските сили на израелската армија продолжуваат да дејствуваат против терористичката организација Хамас“ во палестинската енклава.