ВЕСТИСВЕТ

Израелската војска ги приведе активистите кои превезуваа хуманитарна помош

Хуманитарниот брод „Мадлин“ кој превезуваше храна, млечна формула и медицинска помош кон појасот Газа ноќеска во 3 часот е нападнат од израелската војска. Екипажот, составен од активисти од коалицијата „Флотила на слободата“ меѓу кои и Грета Тунберг е приведен, а хуманитарната помош конфискувана.

Advertisements

„Израел нема законско овластување да ги притвора меѓународните волонтери на бродот ‘Мадлин’. Оваа заплена очигледно го крши меѓународното право и ги побива обврзувачките наредби на МСП кои бараат непречен хуманитарен пристап до Газа. Овие волонтери не се предмет на израелска јурисдикција и не можат да бидат криминализирани за доставување помош или оспорување на нелегална блокада – нивното притворање е произволно, незаконско и мора веднаш да заврши“, рече Хуваида Араф, адвокат за човекови права и организатор на „Флотилата на слободата“.

Организацијата вели дека Израел повторно дејствува со целосна неказнивост, ги прекрши обврзувачките наредби на Меѓународниот суд на правдата за непречен хуманитарен пристап до Газа, ги игнорираше меѓународните закони што ја штитат цивилната пловидба и ги отфрли барањата на милиони луѓе ширум светот кои повикуваат на прекин на опсадата и геноцидот.

Израел објави видео на кое се гледаат притворените активисти, „безбедни и неповредени“, како ги придружува израелската морнарица до израелското пристаниште Ашдод, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button