Израелски министер повикува на бомбардирање на складиштата за храна во Газа

Израелскиот министер за наследство, ултрадесничарот Амихај Елијаху, повика на бомбардирање на складиштата за храна во Газа во интервју за Канал 7, објави „Ерусалим пост“.
„Тие мора да гладуваат. Ако има цивили кои се плашат за своите животи, треба да поминат низ план за емиграција. Штом им стане тешко, ќе биде тешко и за Хамас. Немам проблем со бомбардирањето на резервите за гориво и храна на Хамас“, рече Елијаху кој во ноември 2023 година кажа дека фрлањето атомска бомба е една од опциите зашто во Газа нема невини и дека Палестинците ако сакаат можат да одат во Ирска или во пустини.
Во меѓувреме, висок функционер на Хамас изјави дека групата повеќе не е заинтересирана за преговори за примирје со Израел и ја повика меѓународната заедница да ја запре „војната на гладот“ на Израел против Газа.