ВЕСТИСВЕТ

Израелскиот премиер Бенет доби смртна закана, полицијата го истражува случајот

Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет.

Advertisements

Полицијата соопшти дека до семејството на премиерот било испратено писмо со закана за смрт, а во писмото имало и куршум.

Истрагата ја отвори Одделот за специјални криминали и Агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет.

Други детали не се соопштени, додека од кабинетот на Бенет информираа дека семејството на премиерот добило зголемено обезбедување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button