
Иако резултатите не се финализирани, Доналд Трамп веќе ја прогласи својата победа како претседател на Америка.
Почнаа да пристигнуваат и првите честитки.
„Честитки за најголемиот кам-бек во историјата! Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна повторна посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка“, рече израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Честитки дојдоа и од унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Најголемото враќање во политичката историја на САД. Честитки до претседателот Доналд Трамп за големата победа. Многу потребна победа за светот“, порача Орбан.