СВЕТ

Израелските медиуми: Границата со Газа на 7 октомври ја чувале само 600 војници

Израелските медиуми: Границата со Газа на 7 октомври ја чувале само 600 војници

За време на нападот на Хамас на 7 октомври минатата година границата на Израел со Појасот Газа ја чувале околу 600 војници на израелската армија (ИДФ), објави израелскиот „Канал 12“.

Според извештаите, ИДФ вежбала одбивање напад на Хамас од два правци, но вистинскиот напад се случил на 60 точки, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Advertisements

Борците на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 250 луѓе во нападот врз Израел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button