МАКЕДОНИЈА

Изречени 116 казни во Скопје, возење без возачка и минување на црвено се меѓу најчестите сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, пет за непрописно престројување, седум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), четири за управување под дејство на алкохол и 57 мерки за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button