ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изречени 152 казни за возачи во Скопје, 19 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас.

Advertisements

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button