ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изречени 319 санкции за неносење маска

Полицијата во текот на изминатото деноноќие изрече 319 санкции за неносење маска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 319 прекршоци.