Изречени пресудите за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“

На обвинетите во случајот „Титаник“ коишто признаа вина, денеска им беа изречени судските пресуди при што судот си соопшти следниве одлуки:
-Мартин Протуѓер, казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во следните 5 години обвинетиот не стори друго кривично дело.
-Миле Јанакиески, затворска казна во времетраење од 4 години и 6 месеци
-Гордана Јанкуловска, затворска казна од 2 години и 6 месеци
-Билјана Дишковска Бошковски, условна 2 год. која нема да се изврши ако во следните 5 години обвинетата не стори друго кривично дело.
-Катерина Велоска, условна 2 год. која нема да се изврши ако во следните 5 години обвинетата не стори друго кривично дело.
-Кирил Тодоровски, условна 2 год. која нема да се изврши ако во следните 5 години обвинетиот не стори друго кривично дело.
-Мунир Пепиќ, затворска казна во времетраење од 1 год.
-Коста Митровски затворска казна во траење од 3 години.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, и обвинетите кои признаа вина, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Илија Димовски, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.