ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во земјава

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за нашата држава, ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Advertisements

Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.

Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“.

-Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.

Во делот за нашата земја, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“.

Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“. Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button