ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Извештајот на ЕК на собраниска седница

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 135-та седница. На дневен ред се Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година, како и неколку предлог закони, меѓу кои, законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за воздухопловство – второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button