ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, на средби во македонското Собрание

Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети македонското Собрание.

Advertisements

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани беше именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button