ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Извоз на брашно“, Битиќи: Проблемот е технички, мора да се реши еднаш засекогаш

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи оценува дека проблемот во врска со извозот на брашно од Македонија на Косово е технички проблем што мора да се реши еднаш засекогаш. Според него, проблемот со брашното се јавува поради непризнавање на резултатите од различните лаборатории.

Advertisements

„Мислам дека проблемот е технички, треба да се реши еднаш засекогаш не како дел од ЦЕФТА-договорот кој ги дефинира правилата за соработка, туку како дел од регионалните иницијативи со кои сакаме да ги отстраниме сите административни бариери, што ќе ги препознае резултатите на различни земји од Западен Балкан. Само тогаш нема да дојдеме во такви ситуации. Реално, проблемот со брашното се јавува поради непознавање на резултатите од различните лаборатории. И, кое ќе биде решението, ќе има супер анализа, што ја побараа извозниците од наша страна“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Новинар: Дали тука има политичка конотација за да се спречат српските производи да влезат на Косово?

„Она што можам да го кажам е дека всушност она што се издвојува во овој проблем, но исто така и во другите проблеми, не смееме да заборавиме дека едно време исто така создадовме различни проблеми, но исто така и земјите меѓу себе, види Србија со Босна често има такви проблеми, Албанија со Македонија различни проблеми, или обратно. Сите овие имаат свое потекло. Во принцип секогаш сме биле во можност да ги решиме последиците, но не ги решаваме причините. Зошто се случува такво нешто. Имаме поголеми административни бариери од извозот на различни производи“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button