
Една недела по трагедијата од пожарот во Кочани, дел од пациентите кои се лекуваат во болниците во и надвор од државата ќе можат да бидат пуштени на домашна нега. Директорот на Клиниката „Свети Наум Охридски“ рече дека следната недела ќе почнат првите испусти на пациентите хоспитализирани во оваа клиника.
Директорот на Клиниката, Небојша Настов, најави дека во моментов се подготвуваат протоколи и се врши координација меѓу надлежните институции за враќање на пациентите кои се лекуваат во странство, бидејќи овие пациенти по враќањето ќе бидат сместени во болнички капацитети во земјава.
Најголем број пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани или над 100 се лекуваат во соседните и европските земји. Во меѓувреме, кај нас се лекуваат уште десетици други, главно во Клиничкиот центар, болницата „8 Септември“ и клиниката „Свети Наум Охридски“ во Скопје./Алсат.мк
Ајнур Бафќари