ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ја славеле победата на Швајцарија против Србија, па завршиле во полиција

Полицијата на информативен разговор повикала 10 кумановци кои на 2 декември до доцните часови ја славеле фудбалската победа на Швајцарија против Србија на Мундијалот во Катар. Од прекршочните казни до кои дојде Алсат, станува збор за прекршоци од типот: „непочитување на полициски наредби во сообраќајот“ и „запирање на возило на крстосница“. Некои од нив можат да бидат казнети и поради „омаловажување на полицаец“. Од МВР велат дека казните не се за луѓе кои славеле, навивале и марширале низ градот, туку за лица кои ги прекршиле сообраќајните правила додека се движела толпата и кои се спротивставиле на полициските наредби додека управувале возила.

Advertisements

„Повикани се 10 лица бидејќи е констатирано дека сториле прекршоци како непочитување на сигналот за СТОП нареден од полицијата и непочитување на полициски наредби. По извршениот информативен разговор сите лица се пуштени на слобода и по документирање на случајот ќе се постапи согласно законот“, наведоа од МВР.

Ваквите казни достигнуваат од 180 и 250 евра. Дел од граѓаните одбиле да платат и ќе одат на суд. Пријавените се револтирани бидејќи според нив, ова е полициска одмазда како резултат на последните случувања во Куманово, како и појавувањето на хулигани со маски и ладно оружје. Слични прослави имаше и во други градови, вклучително и во Скопје, но МВР досега немало преземено слични мерки како овие во Куманово.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button