ВЕСТИЗДРАВСТВО

Јаглени хидрати кои може да помогнат за намалување на телесната тежина


Јачмен
Јачменот е здрава житарица која при конзумирање го заситува телото од потреба за дополнително внесување на храна.
Истражување спроведено на еден универзитет во Шведска покажа дека варениот јачмен го забрзува метаболизмот на телото и ги менува бактериите во стомакот.
Нутриционистите посебно го препорачуваат за подготвување на пецива и палачинки односно храна што ја јадете за време на доручек или како додаток во вкусни салати.
Поради големото количество на влакна, варениот јачмен ќе направи се чувстувате заситено подолго време.

Овесна каша
Еден од најдобрите нутриционисти Шира Ланчевски, смета дека јаглените хидрати кои се наоѓаат во овесната каша не само што ќе направи да се чувстувате сито, туку нема да ви дозволни ниту да се прејадете.
Извегнувајте овесна каша која содржи вештачки засладувачи и зачини. Наместо тоа комбинирајте ја со цимет, бадемово масло или со малку кокосов шеќер.

Пуканки
Ако сте љубители на грицките, многу подобра опција е да грицкате пуканки одошто чипс. Во неодамна спроведена студија се покажа дека од сите грцики, луѓето се најсити кога конзумираат пуканки, што поточно значи дека нема да имате потрба за друга храна.

Киноа
Овие моќни семки содржат два пати повеќе расителни влакна од останатите, а овој тип на влакна од киноа најмногу се ослободува во крвотокот што значи дека шеќерот во крвта ќе биде во баланс. Киноата не содржи глутен и се смета за одлична храна при губење на вишокот на килограми.

Печени леблебии
Ако барате здрава ужина што ќе ве засити, печените леблебии се една од најдобрите опции бидејќи содржат растителни влакна и протеини. Специфичните стебла на леблебиите, гравот и грашокот се добар регулатор за одржување на телесната тежина.
Печете ги леблебиите на 375 степени околку 40 минути, додате 3 лажички масло и додадете зачини по ваш вкус.

‘Ржен леб
‘Ржениот леб не само што ќе го задволи вашиот апетит поради својот состав од висок процент на растителни влакна, мало количество на натриум и немање на масти, туку ќе придонесе и севкупно за вашето здравје.
Резултати од истражувања покажаа дека од сите житарици, ‘ржта најдобро го контролира шеќерот во крвта и го регулира апетитот.
Затоа се препорачува на сите кои се обидуваат да ги намалат мастите во предлот кај стомакот.

Сладок компир
Поради намалување на глад, слаткиот компир во телото ќе го обезбеди неопходниот шеќер. Тој содржи 27 гр јаглехидрати, а тоа го зголемува нивото на хормонот кој го регулира шеќерот во крвта и го убрзува матаболизмот.

Интегрални житарици
Интергралните житарици природно содржат мал процент на масти и растителни влакна. Бројни студии покажаа дека мажите и жените кои ги конзумираат интегралните житарки имаат помала телесна тежина и помалку абдоминални масти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button