ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Обвинетите во „Ласкарци“ не почитувале повеќе законски обрски

Јакимовски: Обвинетите во „Ласкарци“ не почитувале повеќе законски обрски

На 25 јануари се очекува пресуда за трагедијата кај Ласкарци. Судењето, кое трае речиси четири години, финишира следната недела кога ќе се знае дали ќе има правда за 16-те загубени животи во трагедијата што се случи на 13 февруари 2019 година. Дурмиш Белули, Рамиз Мифтари и Маноил Трифуновски ја делат одговорноста за автобуската несреќа во „Дурмо Турс“, а обвинети се и тројца службеници за техничка контрола.

Advertisements

Во завршниот збор на 12 декември минатата година, обвинителот во предметот Дарко Јакимовски, рече дека сите докази укажуваат дека обвинетите не почитувале голем број законски обврски во сообраќајот и тоа довело до трагедијата. Јакимовски побара на компанијата, поточно на обвинетите, са им се забрани вршењето на дејноста.

„На обвинетите не треба да имс се дозволи да се занимаваат со таква работа во иднина. Да се воведе забрана за вршење на професијата и да не се дозволи било кој од нив да има контакт со сообраќај од кој било аспект“, рече Дарко Јакимовски, обвинител.

Судењето се одолговлекуваше до сега поради неможноста да се испрашаа стручните лица, кои Кривичниот суд успеа да ги обезбеди дури по една година. Според нивното професионално мислење возачот на автобусот во еден момент закочил, но сопирачките не биле целосно функционални, односно имале коефициент на сопирање од најмалку 36%, а законскиот минимум е 45%. Супер експертизата утврдила дека причина за несреќата се техничките дефекти на автобусот, а стручното мислење беше оспорено од страна на обвинителот со образложение дека се прави обид за изземање на обвинетите. Судскиот совет, постапувајќи по итност вчера ја делегираше судијката Александра Ристевска на неопределено време да остане во Кривичниот суд до крајот на судењето. Таа вчера даде заклетва за судија во Апелација, и требаше да следува избор на нов судечки совет во случајот Ласакрци, што ќе значеше предметот да се врати на почетокот.

Несреќата кај Ласкарци е меѓу петте најголеми трагедии во историјата на земјата во однос на бројот на жртвите. И покрај трагедијата, компанијата „Дурмо Турс“ продолжува со транспортните активности од денот на несреќата до денес. По објавувањето на пресудата, повредените и семејствата на жртвите имаат право на надомест од компанијата, чиј автобус се преврте на 13.02.2019 година кај Ласкарце./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button