ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јакимовски со критики за идеите за промена на Уставот

Јакимовски со критики за идеите за промена на Уставот

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски вчеравечер на средба со граѓани во Кичево, истакна дека тој немал да преговара за македонскиот идентитет и јазик. Претходно во Гостивар, како што соопштија од неговиот штаб, Јакимовски упатил критики за предлозите на неговите противкандидати околу процесот на промена на Уставот, меѓу кои и предлогот за одложена примена на уставните измени.

Advertisements

„Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата“, истакнал Јакимовски.

Тој потенцирал дека најголема мака во државата во моментов е иселувањето, за кое вели дека се случува поради лоши политики на досегашните владеjачки гарнитури./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button