ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јакимовски во петок прво на обвинителна клупа, па во градоначалничката фотелја

Новоизбраниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, пред првично да седне во градоначалничката фотелја, во петок првично ќе треба да седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд.

Advertisements

Јакимовски има кривична пријава за времето кога беше градоначалник за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и ресторанот „Имес“ и изградбата на управната зграда на Општина Карпош.

Обвинението за овој случај е поднесено во 2019 година, а оттогаш се одржани повеќе судски рочишта. Пред неколку месеци предметот беше вратен од почеток бидејќи беше разрешен судијата Горан Бошевски, додека предметот сега е пред судијата Осман Шабани.

Покрај Јакимовски, во овој случај обвинети се 10 лица, од кои 5 лица ја признаа вината и се договорија со обвинителството.

Инаку, Јакимовски во вториот круг во Општина Карпош освои 49,61% од гласовите или 14.864 против Душко Весковски од СДСМ кој освои 13.420 гласови или 44,79%.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button