ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јанакиевски позитивен на Ковид 19, судењето одложено

Денеска во скопскиот Кривичен суд се одложи судењето „Шпански скали“. Обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е позитивен на Ковид – 19 и токму поради неговата изолација која завршува утре денеска се одложи судењето. Јанакиески и уште други 10 лица се обвинети за незаконска продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје.
Според обвинението, тие го оштетиле државниот буџет за 2,6 милиони евра. Судењето е во доказна постапка и ќе продолжи идниот петок.