ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јанчева: Она што се случува во Скопје е одговорност и на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска

Во однос на функционирањето на градот, координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева посочи дека одговорност за она што се случува е кај ВМРО ДПМНЕ но и кај градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што денес се случува е она што ние како партија упорно го укажувавме не само за Град Скопје туку и за секоја општина која е водена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија е истата нереформирана партија која не мисли на граѓаните туку мисли само на сопствениот интерес.“ порача Јанчева.