ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јандроковиќ: И покрај тешкотиите ЕУ интеграцијата не треба да се напушти

Со највисоки државни почести, претседателот на Собранието, Африм Гаши, го пречека на својот хрватски колега Гордан Јандроковиќ. Во својот говор пред пратениците во Собранието, Јандроковиќ ја повика Северна Македонија да продолжи по својот евроинтегративен пат и да не се откажува и покрај бројните пречки на кои наиде.

Advertisements

„Пет години по одлуката на ЕК, пристапните преговори со ЕУ се уште не се формално отворени, тоа не е коректно Со оглед на тоа, разбирливо е дека од таквата ситуација може да произлезе нетрпеливоста и незадоволството на вашите граѓани. Хрватска ги поддржува сите ваши достигнувања досега и верува дека заслужувате многу подобар напредок. Верувам дека ќе најдете решенија за да направите нов чекор на вашиот европски пат. Како ваш докажан партнер на овој пат и како земја која исто така помина низ тежок процес, ве повикуваме да не се откажувате“, рече Јандроковиќ.

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека реформите што ги бара Брисел мора да продолжат.

„Ништо не нè поколеба и оттргна од нашата определба и приоритет за интеграција во Европската унија. Свесни сме дека ни претстои уште работа, реформи за спроведување и прашања за решавање. Но, со сојузниците како Хрватска и другите пријатели на Европската унија, ние силно веруваме дека овој процес ќе биде успешен за нас, исто како што беше и за Хрватска“, рече Гаши.

За спроведување на овие реформи, Гаши рече дека Хрватска може да биде најдобар пример. Тој потсети дека двете земји истовремено го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, но Хрватска е полноправна членка веќе 12 години, додека Северна Македонија е во застој.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button