ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој. Најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме образованието, да создава кадар кој е потребен во приоритетните области на стопанството. Ова денеска го истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на Светскиот образовен форум што се одржува во Лондон, каде е говорник на панел дискусија за влијанието на стручното образование врз економскиот раст.

Advertisements

Стратегијата за паметна специјализација, нагласила, нé насочува кон дигитална и зелена транзиција во областа на паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија, и одржливи материјали и паметни згради.

-Во овие области е потребен стручен кадар и затоа сме фокусирани на унапредување и промоција на средното и високото стручно образование“, рекла Јаневска.

Министерката информирала дека средното стручно образование во Македонија е целосно модернизирано, се применуваат модуларни наставни програми, како и оти има добро обучени наставници, а во едуцирањето на учениците учествуваат и компаниите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button