ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јаневска им се обрати на родителите на учениците од Подгорци
Јаневска им се обрати на родителите на учениците од Подгорци

Околу 100 од 270 ученици во ОУ „Гоце Делчев“ во струшко Подгорци, денеска повторно го бојкотираа наставниот процес. Родителите се незадоволни од одлуката на министерката за образование која за директор го назначи Горан Наумовски, кој, како што велат родителите, не е во согласност со нивните барања. Родителите бараат кандидатот предложен од училишниот совет да биде именуван за директор. Министерката за образование Весна Јаневска, апелираше да прекине бојкотот. Таа додаде дека во овој случај има мешање на политиката, но без разлика на околностите најави брзо решавање на проблемот.