Јаневска: Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на две различни места. Донесовме одлука отсега да не внесуваат описни оценки во главната книга, со оглед дека еднаш тие податоци се наведени во електронскиот дневник и одлуката е поздравена од 24 илјади наставници, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
– Административното работење ќе се одвива во дигитална форма и тоа е голем чекор во образовниот систем и во работењето на наставниците, кои всушност тоа и го чекаа од нас како нова владина гарнитура. Ова можело да се сработи и досега, да се овозможи податоците електронски да се преземаат од е-дневникот, но не било сработено од претходните министри – рече Јаневска.