ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени

До денеска е рокот до кога може да се праќаат коментари за нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование на е-адресата: [email protected], откако таа беше објавена на веб-страницата на Бирото за развој на образованието (БРО).

Advertisements

По реакциите од катедри и институти, главно од Филозофскиот факултет на УКИМ, дека со концепцијата се редуцираат содржини од некои предмети од општествените науки, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека многу сериозно ги сфаќаат сите изјави дадени од сите факултети и дека рокот за сугестии може да биде продолжен. Покрај досегашната онлајн-дискусија, рече таа, ќе продолжат и на терен за да се направи најдобар предллог-текст на концепцијата, посочувајќи дека сегашната верзија може да биде изменета.

-Секако дека може да се продолжи, секако дека ние многу сериозно ги сфаќаме сите изјави дадени од сите факултети, иако главно станува збор за Филозофскиот факултет. Веќе еднаш кажав дека ова е нацрт-концепција и дека може да претрпи промени. Ние продолжуваме и понатаму, досега ова беше по електронски, дигитален пат, малку ќе се придвижиме и на терен и секако дека ќе работиме и понатаму на подобрување на истата, изјави министерката Јаневска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button