ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јаневска предупреди на одговорност за поранешниот директор на студентскиот дом „Пелагонија“

Министерката за образование и наука е свесна за катастрофалната состојба во која се наоѓа студентскиот дом „Пелагонија“ и вели дека тоа е последица на лошото менаџирање на минатото раководство. Јаневска рече дека во моментов се прибираат податоци и се очекува да има одговорност за поранешниот директор на оваа институција.

Advertisements

За долгот и блокираните сметки Јаневска рече дека има комуникација со новото раководство и се работи на решавање на проблемот. Министерството во моментов ќе интервенира со околу 5 милиони денари за да можат вработените да си ги земаат платите.

Јаневска рече дека ова не е единствениот студентски дом кој се соочува со ваква ситуација, но вети дека сите студентски домови ќе се реновираат еден по еден. Министерката најави и поголеми инспекциски контроли, а истовремено предупреди и на законски измени за подобрување на стандардот на студентите и учениците.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button