МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Студентскиот дом „Пелагонија“ го затекнав со голем долг, правиме обиди вработените да добијат плати

Проблемот во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопска Кисела Вода е многу сериозен, а во моментот правиме обиди да им биде исплатена плата на вработените. Ова денеска го изјави министерката за образование Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање за состојбата во студентските домови, а особено за домот „Пелагонија“ каде што студентите се жалат на супстрандардни услови, односно на немање топла вода, на лоша исхрана и нефункционални лифтови.

„Го затекнав домот со 34 милиони денари долг. Ако нема вработени домот, нема да можат ниту студентите таму да престојуваат. Веќе неколку дена има ново раководство, жена е поставена за директорка, па се надевам дека како мајка и жена ќе почне да го доведува домот во ред“, рече Јаневска.

Според неа, прво и основно што треба да се направи во домот е да се обезбеди топла вода и исхрана за студентите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button