ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јаневска за назначувањето на Богојески: Поставените директори треба да работат натпартиски и професионално

Не можам да ја коментирам работата на директор што е поставен на функцијата пред два дена, рече денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за назначувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

За реакциите во јавноста дека Богојевски често изнесувал антиалбански ставови, за што вчера реагираше и Демократската унија за интеграција (ДУИ) и го осуди неговото назначување за диркетор, министерката рече дека ги слушнала партиските реакции, како и дека доколку се појават проблеми во рабоатата на директорот, ќе бидат преземени мерки.

Advertisements

„Политичките партии имаат удел во функционирањето на Владата, но кога поставуваме функционери, ги поставуваме да бидат непартиски и да си ја вршат работата за која се поставени, да организираат и да спроведуваат закони и да работат најдобро што можат“, рече Јаневска.

Посочи дека токму поради реакциите во јавноста, неговата работа ќе се следи.

„Доколку е се во ред и тој е деполитизиран, ќе немаме проблем. Ако има некакви други проблеми, ќе се преземат мерки“, кажа таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button