ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јанез Копач: Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе расте, тоа е неминовно

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе расте, тоа е неминовно. Оваа потврда ја даде и претседателот на Европската енергетска заедница Јанез Копач. Моменталната кризна енергетска состојба во Македонија не е само пренесена од Европа, туку се должи и од недостатокот на капитални проекти од областа на енергетиката. Копач вели дека сите посериозни производствени капацитети на струја во Македонија се изградени во поранешна Југославија. Тој денеска на средба со Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски разговараа на тема како да се преброди оваа тешка состојба и како граѓаните сериозно  да не ги почувствуваат на своја кожа негативните последици од оваа енергетска криза.

Advertisements

„Ќе дојде до зголемување на цената бидејќи сега увозот е многу скап и кај тоа поскапување најважно е да се дефинираат ранливите категории на потрошувачи и на нив да им се даде помош од јавните средства, за да може да платат. Но не треба да биде ниска цената за сите, односно за оние кои можат нормално да ја ги подмируваат пазарната цена.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button