СПОРТ

Јаник Синер, до крајот на септември останува лидер на АТП листата

Јаник Синер веќе 11. недела е лидер на АТП листата и таму ќе остане најмалку до крајот на септември. Toј триумфираше на Мастерсот во Синсинати и освои вкупно 990 бода и заедно со откажувањето на Ѓоковиќ, кој со тоа загуби 1.000, ја зголеми разлика на точно 2.300 бода.

Advertisements

Ова е огромна разлика ако се знае дека на УС Опен, Синер брани само 180, а Ѓоковиќ 2.000 бода, односно титула во Њујорк. Дури и ривалите кои во моментов се зад cрбинот бранат повеќе бодови од Синер: Алкараз 800, а Зверев 360.

Сепак, Синер нема загарантирано прво место до крајот на сезоната бидејќи пред нејзиниот крај брани многу бодови што не е случај со Алкараз кој сега му е најголема закана на италијанецот. Алкараз брани само 1.400 бода до крајот на годината, додека Ѓоковиќ брани дури 4.300 бода

УС Опен почнува в понеделник и ќе трае до 8 септември, па ќе биде интересна борбата за последната Гренд слем титула во годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button