СПОРТ

Јаник Синер два пати позитивен на допинг контрола, реагира неговиот тренер

Првиот светски рекет Јаник Синер се најде во центарот на контроверзија, откако беше објавено дека двапати добил позитивен наод на допинг тест. Италијанецот сепак во двата наврати бил ослободен од вина по жалбите, докажувајќи дека не се работело за директно користење на недозволена супстанца.

Advertisements

Се работи за два допинг теста од март оваа година кога бил позитивен на клостебол, но тој успеа да избегне суспензија. Откако скандалот беше објавен, тимот на Јаник Синер испрати официјално соопштение. Во него има и кратка изјава од страна на тенисерот.

„Ќе го оставам овој тежок и несреќен период зад себе. Ќе продолжам да давам максимум и ве уверувам дека ќе продолжам да соработувам со ИТИА и нивната анти-допинг програма. Го имам целиот тим зад себе и тие ќе ми помогнат да ја оттргнам вината од себе“.

Неговиот тренер Дарен Кејхил смета дека со тоа правдата е задоволена.

„Тој никогаш не би направил такво нешто намерно. Се најде во несреќна ситуација, но мило ми е што вистината излезе на виделина и се надевам дека ова може да го остави зад себе и да излезе подобар од оваа ситуација“, рече Кејхил.

Целата ситуација околу допингот се случува на неполна недела пред почетокот на УС Опен каде Синер ќе се обиде да дојде до вториот Гренд слем трофеј во кариерата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button