СПОРТ

Јаник Синер може да биде дисквалификуван од УС Опен?!

Газета Дело Спорт објави сознанија дека Светската антидопинг агенција има право и планира да се жали на одлуката за Јаник Синер. ВАДА сака да се вмеша во случајот бидејќи досега не била консултирана, а рокот за тоа е 6 септември. Тоа значи дека е можно нова одлука за Синер да биде донесена среде УС Опен кој почнува в понеделник и ќе трае до 8 септември.

Advertisements

 

„Како што секогаш работиме, внимателно ќе ги испитаме сите документи и го задржуваме правото да се жалиме на одлуката“, порака претставникот на ВАДА и со тоа потврди дека случајот се следи и од повисоки инстанци.

 

Јаник Синер бил позитивен на допинг тест уште во март, но за случајот не знаел никој до почетокот на оваа недела кога АТП му изрече казна за тоа. Сепак, Италијанецот не доби суспензија, туку му се одземени 400 бода и треба да врати 300 илјади долари за настапот на Индијан Велс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button