СПОРТ

Јаник Синер, од понеделник ќе биде првиот италијански број 1 во АТП листата

Новак Ѓоковиќ поради повреда се повлече од Ролан Гарос. Повлекувањето на Ѓоковиќ го искачи Јаник Синер на првото место на АТП листата. Синер, од понеделник ќе биде првиот италијански број 1. Синер е 29. број 1 во Опен ерата.

Српскиот тенисер загуби 1600 поени, а Јаник Синер освои 350, автоматски го престигна на врвот. Но, падот на Ѓоковиќ може да биде уште поголем доколку Карлос Алкараз победи на Ролан Гарос. Тогаш Ѓоковиќ ќе падне на третото место.

Синер беше на теренот кога дозна дека за прв пат во кариерата ќе биде број 1 во светскиот тенис.

„И што да кажам? За секој играч е сон да биде број 1. Разочаран сум што Новак мораше да се повлече, посакувам брзо закрепнување”, изјави Синер кога ја слушна веста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button