
Кјого Фурухаши веројатно ќе влезе во аналите на Лигата на Шампионите бидејќи веројатно досега не е виден случај како неговиот. На мечот против Јанг Бојс, на jапонецот му беа поништени три гола во едно полувреме, сите поради офсајд.
Првиот беше поништен во седмата, вториот во 32., а третиот во 34. минута од натпреварот. Да биде несреќата за Селтик поголема, во 41. минута, Енгелс промаши и удар од белата точка, па првото полувреме заврши со резултат 0-0.
второто полувреме Селтик стигна до победа со автоголот на Бенито, додека натпреварот го заврши со 10 играчи не терен, после исклучувањето на Маеда со црвен картон во 89 минута.