СВЕТ

Јапонските лекари бараат одложување на Олимписките игри

Главната медицинска организација во Јапонија ги поддржа повиците за откажување на Олимписките игри во Токио и истакна дека болниците се веќе преоптоварени, додека земјата се бори против ширењето на коронавирусот на помалку од три месеци пред почетокот на овој светски настан.

Здружението од Токио, кое претставува околу 6 000 општи лекари, објави дека болниците во главниот град имаат „полни раце работа“ и дека скоро останале без капацитети поради зголемениот број заболени лица.

Зголемувањето на бројот на заразени предизвика недостиг на медицински персонал и болнички кревети во некои делови на Токио, а владата ја продолжи третата вонредна состојба во главниот град и неколку други префектури до 31 мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button