МАКЕДОНИЈА

Јавен повик за реновирање на фудбалскиот стадион во Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, го објави јавниот повик за реновирање на градскиот стадион. Станува збор за инвестиција од околу 600 милиони денари, која покрај стадионот ќе опфати и уредување на спортски терен, како и стадион во село Сараќино. Тендерот ќе биде отворен до 22 декември. По изборот на фирмата се очекува градежната постапка да трае три години. Стадионот има капацитет од 15.000 седишта и според планот на општината, најверојатно објектот ќе биде урнат и повторно изграден, но тоа ќе зависи од договорот со компанијата што ќе го добие тендерот.

„Во првата фаза од овој монументален проект е предвидено идејно решение за реконструкција на стадионот. Тоа ќе се изработи почитувајќи ги стандардите на УЕФА за инфраструктура на стадионите. Во предвид се земени и одредбите од регулативата за инфраструктурата на стадионите во нашата земја од страна на Фудбалската федерација. Покрај стадионот, во огласот се вклучени и други значајни проекти, меѓу кои спортско-рекреативен центар и спортски терен во село Сараќино. Ние како општина ги повикуваме сите домашни и странски компании кои се заинтересирани да конкурираат на јавниот оглас“, рече Биљал Касами- градоначалник на општина Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button